Фабриката Макпримат е водечка македонска фабрика за производство на висококвалитетна женска и машка облека.
Денес нашата фабрика има 350 вработени и 7 производни линии, со капацитет од околу 250.000 парчиња годишно.
Зафаќа површина од 30.000m², од кои 11.000m² е работен простор, кој е комплетно климатизиран.
Следејќи ги барањата на светските брендови чие задоволување ни е главен предизвик, фабриката ја опремивме со најсовремена технологија и машински парк кои ни овозможуваат производство на капути, мантили, блејзери, сукњи, панталони и фустани со највисок квалитет.
За надополнување на оваа палета на производи имаме и свои партнер фабрики, односно кооперанти кои ни овозможуваат производство на високо квалитетни блузи, кошули и секаков тип на трикотажа.
Исто така фабриката располага со голем магацински простор, имаме два магацина за основен и помошен материјал кои зафаќаат површина од 3.000m2 и два магацина за готови производи кои зафаќаат други 3.200m2.



