Целосно сме посветени на квалитетот во секој сегмент од нашето работење, со цел да ги задоволиме клиентите и да ги зајакнеме односите и соработката со нив.
Ориентирајќи се кон производство на висококвалитетни производи, фабриката ја опремивме со најсовремена технологија и вработивме обучен персонал за контрола на квалитетот, па така произведуваме задоволувајќи ги стандардите и потребите на познатите светски брендови.
Во процесот на производство контролата на квалитетот ни е на прво место.
Прва контрола на квалитетот правиме на самиот почеток, при приемот на основниот и помошниот материјал, потоа се вршат две меѓуфазни контроли за време на производството и една завршна контрола.
Земајќи предвид дека производните трошоци во Македонија се пониски во споредба со другите европски земји, Макпримат има политика на работење со одличен однос квалитет/цена, односно нуди висок квалитет за многу достапни цени.



