За компанијата

Макпримат е водечка текстилна компанија со седиште во Скопје, Р. Македонија. Формирана е како семејна компанија во 1990 година и од формирањето до денес е 100% приватна.

Дејноста на Макпримат е целосна реализација на еден налог, од неговиот пласман, производство, следење и контролирање на истиот, организирање превоз, до вршење на сите царинско технички услуги.

Макпримат брои 400 вработени, кои се директно одговорни за развојот и успехот на компанијата.

Квалитетот, професионалноста и точноста во испораките се основните принципи за работа на нашата компанија.

Макпримат е пријателска и општествено одговорна компанија, па затоа сме сертифицирани со BSCI, SEDEX и SOCAM, односно ги исполнуваме сите стандарди за оптимизација на работните услови и заштитата при работа.