Логистика

Логистика при реализација на налог во 10 чекори:

Чекор 1.
– Кореспондент од Макпримат комуницира со клиентот на англиски, италијански, германски или бугарски јазик.
– Клиентот ни пласира налог, при што ни испраќа по електронска пошта технички упатства за негова изработка, шаблони и царински документи за основниот и помошниот материјал.

Чекор 2.
– Секторот за увоз-извоз организира транспорт, односно преземање на потребните материјали од нашиот клиент.
– Кореспондентот ги преведува на македонски јазик техничките упатства од клиентот.

Чекор 3.
Секторот за увоз-извоз се грижи за увозот и ги извршува царинско-техничките обврски за камионот со основен и помошен материјал.

Чекор 4.
Магацинот врши прием и контрола на основниот и помошниот материјал и во рок од 24 часа се информира клиентот за состојбата на пристигнатиот материјал.

Чекор 5.
– Техничките упатства се преведени и веднаш се почнува со изработка на пробно парче.
– Секторот почнува со подготовка на налогот.

Во случај да има некаков проблем на пример во шаблоните или нешто што не ни се допаѓа како изгледа на пробното парче иако во упатството е наведен тој начин на изработка, преку фотографии го известуваме клиентот и по негово барање вршиме корекција на шаблоните и нудиме предлог решение за каков било проблем.

Чекор 6.
Пробното парче го испраќаме на клиентот и штом добиеме одобрување, почнуваме да го кроиме подготвениот налог.

Чекор 7.
По скроениот налог кореспондетот го известува клиентот за состојбата на скроени парчиња.

Чекор 8.
Налогот влегува во производство, а клиентот е секогаш информиран за состојбата на неговите налози, односно колку парчиња во кој процес од производството се наоѓаат. Кореспондентот му е на располагање на клиентот во секое време, со што клиентот е секогаш информиран за сѐ што се случува.

Чекор 9.
Секторот за увоз-извоз го договара со транспортерите терминот за испорака, ги подготвува сите потребни документи за извоз и сертификати за потекло или ЕУР1.

Чекор 10.
– Копии од сите подготвени документи за извоз и пакинг листа му се испраќаат по електронска пошта на клиентот.
– Налогот се товари на уреден начин во камион, а сите оригинални документи му се предаваат на возачот.