Од дизајн до

готов производ…

• Автоматско вклопување
• Набавка на материјали
• Производство на мали и големи нарачки

За нас

Макпримат е водечка текстилна компанија за производство на висококвалитетна женска и машка облека.

Основана е во 1990 година како семејна компанија, со седиште во Скопје, Р. Македонија.

Зафаќа површина од 30.000m², од кои 11.000m² е работен простор, кој е комплетно климатизиран.

Дејноста на Макпримат е да обезбеди целосна услуга при реализација на еден налог, од неговиот пласман, производство, следење и контролирање , до организирање превоз и вршење на сите царинско технички услуги.

Макпримат има 6 производствени линии, со капацитет од повеќе од 250.000 парчиња годишно и брои 300 вработени кои се директно одговорни за развојот и успехот на компанијата.

Производи

Веќе 25 години наша специјалност и пасија се производството на највисоко квалитетни женски и машки капути и мантили.

Следејќи ги потребите на светските брендови, фабриката ја опремивме со најсовремена технологија и вработивме искусен персонал за контрола на квалитетот, што ни овозможува и производство на женски блејзери, панталони, здолништа и фустани со врвен квалитет.

За надополнување на оваа палета на производи имаме и свои партнерски фабрики, односно кооперанти кои ни овозможуваат производство на високо квалитетни блузи, кошули и секаков тип на трикотажа.

Машки

Женски

Услуги

Клиенти

Негуваме долгогодишни соработки со многу компании, бидејќи квалитетот, професионалноста и точноста во испораките се основни принципи и темел на нашата компанија. Голема чест ни е да кажеме дека долгогодишните соработки прераснаа во пријателства за кои сме неизмерно среќни.

 

Зад секој успешен бренд, стои сигурен производител.

Општествена одговорност

Макпримат е општествено одговорна компанија, а нашите вработени се нашето семејство.

Сертифицирани сме со BSCI, SEDEX и сме PVH одобрени, односно ги исполнуваме сите стандарди за оптимизација на работните услови и заштитата при работа.

PVH
SeDeX
BSCI

Контакт

Ако сакате да станете наш клиент или сакате да станете дел од нашиот тим, можете да го пополните формуларот за контакт подолу, а ние ќе се обидеме да Ви одговориме во рок од 48 часа.

Достапни сме од понеделник до петок 7:30 – 15:30